Ако сакате да се навлечете на зачин, нека биде ѓумбир. Се разбира, има безброј добри зачини што нудат значителни здравствени придобивки, но тешко е да се занемарат многуте позитивни атрибути на ѓумбирот.
И за разлика од другите популарни дневни суплементи, ѓумбирот има одличен вкус (многу поубав од јаболковиот оцет, на пример). Причината поради која ѓумбирот е толку добар за вас се сведува на едно соединение наречено џинџерол. Оваа супстанција е антиинфламаторна, што значи дека може да намали болка и оток.
Ја подобрува дигестијата – ѓумбирот не само што го смирува рефлуксот на киселина туку и го намалува воспалението во цревата. Исто така, може да смири и гадење. Ѓумбирот е природен антибиотик кој може да ги нокаутира штетните бактерии кои предизвикуваат вознемиреност во стомакот.
Намалува и спречува главоболка – антиинфламаторните својства на ѓумбирот исто така се корисни во лекувањето на најчестата тегоба на човекот – главоболката. Многу лекови за главоболка се всушност само антивоспалителни наместо вистински олеснувачи на болката.
Ѓумбирот е природен начин за постигнување на таа цел, но без несакани ефекти на хемиските формулации. Всушност, студиите покажуваат дека јадењето ѓумбир секој ден има потенцијал да спречи да не добиете главоболки, дури и мигрена.
Придонесува за побрзо губење килограми – губењето телесна тежина е мошне изискателна работа. Телото на складираните масти гледа како на резерва за итни случаи и претпочита да не ги согорува.
Диетата игра голема улога, но голем дел од вината за вашата тежина ја има генетиката. Значи, важно е да работите заедно со вашето тело во обид да изгубите тежина, а ѓумбирот може да биде одличен извор на поддршка.
Намалува болка во мускулите – вообичаен вид болка е онаа во мускулите, честопати предизвикана од вежбање или секојдневен напор или напрегање. Испитувањата покажуваат дека ѓумбирот може да помогне и овде. Сепак, нема тенденција веднаш да ја ублажи болката во мускулите.
Наместо тоа, доколку се зема секој ден, може да го намали нивото на болка што се развива и да го скрати времетраењето на заздравувањето кога вашите мускули стануваат такви.
Исто така, ѓумбирот е антиоксидант, кој ги неутрализира штетните слободни радикали во организмот. Ова доживотно го намалува ризикот од канцер.
И покрај сите овие здравствени придобивки, луѓето многу ретко јадат ѓумбир. Тој може да биде ефикасен, без разлика дали е суров или варен, свеж или сушен. Со сладок и малку зачинет вкус, ѓумбирот е идеален за употреба во печива, мешани помфрити и овошни салати. Доволно е вкусен за чај од билки. Како и да го земате, ѓумбирот е одлична секојдневна навика.