Зошто не треба да го подгревате спанаќот? Може да има сериозни последици

popara24 јануари, 20241min00
983484188cd890c92ecf8b0645e5181389f25099

Спанаќот несомнено е една од најздравите намирници, но треба да внимавате при неговото конзумирање да приготвувате онолку колку што ќе изедете, бидејќи подгревањето спанаќ воопшто не се препорачува.

Спанаќот спаѓа во групата на лиснат зеленчук кој содржи релативно висок процент на нитрати.

Остатоците од сварениот спанаќ не треба да се чуваат на собна температура и веднаш да се стават во фрижидер.

Кога спанаќот се остава да отстои, особено ако се работи за термички обработена храна, се зголемува количината на нитрати, па дури и преку процесот на вриење се претвораат во нитрити во сварениот спанаќ. Тие се опасни бидејќи се комбинираат со амини во телото и создаваат високо канцерогени соединенија кои ги нарекуваме нитрозоамини, објасни нутриционистот и научник Дагмар фон Крам.

Ако само накратко го загреете спанаќот непосредно пред конзумирањето, нема потреба да се грижите, рече фон Крам, предупредувајќи дека тоа не важи за многу мали деца, кај кои, во најекстремен случај, последиците може да бидат задушување.

Спанаќот може да се јаде и сиров, како салата. Богат е со витамини А, Ц и бета-каротен и фолна киселина.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag