Овогодинешните Оскари веќе предизвикуваат конфузија поради полемиката околу филмот Барби, номиниран во категоријата најдобар филм, а номинација заработи и Рајан Гослинг, за разлика од неговите колеги, актерката Маргот Роби и режисерката Грета Гервиг.
Поради ова Гослинг јавно го изрази своето незадоволство.
Филмот беше огромен хит меѓу обожавателите во летото 2023 година. Маргот Роби ја игра главната женска улога.
Но, фановите останаа збунети со оглед на тоа што Рајан Гослинг, кој го игра Кен во филмот, е номиниран во категоријата најдобар спореден актер, но Маргот и Грета не се во нивните категории.
И Гослинг беше изненаден што за улога во филм посветен на зајакнувањето на жените, Академијата го номинираше само него.
По објавувањето на номинациите, Гослинг, пренесува Mirror, изјавил: „Почестен сум што моите колеги ме номинираа покрај толку извонредни уметници во толку многу големи филмови. Никогаш не мислев дека ќе го кажам ова, но морам да кажам дека сум неверојатно почестен и горд што сум номиниран да портретирам пластична кукла по име Кен“.
„Меѓутоа, нема Кен без Барби, и нема филм за Барби без Грета Гервиг и Маргот Роби, двете луѓе, двете жени кои се најзаслужни за овој филм кој создава историја. Признанијата за филмот немаше да бидат можни без нивниот талент, решителност и генијалност. Потценување е да кажам дека сум разочаран што девојките не беа номинирани во нивните категории“, изјави актерот.
„И тие требаше да добијат признание за нивната работа. Многу сум среќен за Америка Ферера, номинирана во категоријата најдобра споредна женска улога, и за другите неверојатни уметници кои придонесоа со својот талент овој револуционерен филм да стане реалност“, изјави Гослинг.