Макароните се добредојдена состојка во многу од нашите оброци, а салатата од макарони, многу богата со придружни елементи, ќе ви го олесни изборот за подготовка на ручек.
Рецептот за салата од макарони е многу едноставен, а количината на состојките можете слободно да ја менувате во зависност од тоа колку ги фаворизирате тие состојки во вашата исхрана. Исто така, зголемете ги сите наведени состојки доколку салатата ја подготвувате за повеќе луѓе.
-250 гр.шарени макарони
-4 лажици павлака
-2 лажици мајонез
-100 гр. шунка
-100 гр. маринирани пецурки
-3 кисели краставички
-1 варено јајце
-рендан кашкавал по потреба
-маслинки
-сол
-бибер
Состојки:
Подготовка:
Сварете ги макароните и исцедете ги, па преместете ги во поголем сад, каде потоа полесно ќе ги измешате сите состојки.
Исцедете ги маринираните печурки, исечкајте ги краставиците и шунката, како и вареното јајце.
Додадете го ренданиот кашкавал и маслинки, па соединете сè.
Дозирајте ја павлаката и мајонезот што ги додавате како основни состојки за врзување.
Вкусете ја салатата и зачинете ја доколку е потребно.
Пријатно!