Како да го свиткате чаршафот со ластик во само неколку чекори: За постелнината да не биде изгужвана

popara26 јануари, 20241min00
shutterstock2158829459-830x0

Кога ќе почнеме да ги пегламе алиштата и на ред е чаршавот со ластик, добиваме главоболка. Како да се свитка и спакува чаршаф што има ластик?

Како и да го завртиме, без разлика кој пат ќе го избереме, на крајот добиваме изглед кој не ни се допаѓа и, едноставно кажано, не личи на ништо – не е ниту коцка, ниту правоаголник, ниту круг. Таа форма што ја има чаршафот е проблем и речиси никогаш не можете да го здиплите како што треба, па се случува и само да го „свиткате“ како што знаете и да го ставите во плакарот.

Ова видео ви дава совет, можете да видите многу кратка процедура која на едноставен начин покажува како можете да преклопите чаршаф со ластик.

Распоредете го целиот чаршаф на креветот, со ластикот „одозгора“. Проверете дали една од двете пошироки страни на чаршафот е поблиску до вас. Потоа, фатете ги двата краја на чаршафот и ставете ги тупаниците под. Потоа со чаршафот во раце земете ги краевите на чаршафот од другата половина, исто така со рацете навнатре.

Спојте ги дланките како да спојувате две страни од чаршафот и „поминете“ со левата рака преку десната, така што сите агли на чаршафот се во десната рака. Ќе добиете правоаголна форма.

Потоа преклопете го на четири дела, а потоа спојте ги во средината така што ќе добиете еден долг правоаголник. Можете да го преклопите уште еднаш или дури четири пати за да добиете форма на квадрат.

Доколку објаснувањето не ви е јасно, погледнете го видеото за да видите како тоа изгледа:

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag