Манекенката Џиџи Хадид и холивудскиот миленик Бредли Купер конечно ги потврдија шпекулациите дека се во врска. Имено, славниот пар е виден како се шета во Лондон, при што се држеле за рака. Иако со месеци се шпекулира дека се во врска, никој од нив до сега не ги потврдил овие наводи. Изгледаа многу интимно и заљубено, а низ лондонските улици прошетаа во интересни модни комбинации. Џиџи ги привлекуваше погледите во кафена кожна јакна, шик памучни панталони и мокасини, додека Купер носеше црно палто, карго панталони со дезен, тренерки Nike и сина зимска капа.
Гласините за нивната љубовна врска се појавија уште во октомври 2023 година, откако неколку пати беа видени заедно. Двојката долго време се обидуваше да ја сокрие својата врска од јавноста, па извесно време тајно беа во куќа на Род Ајленд, која е во сопственост на пејачката Тејлор Свифт, нивната заедничка пријателка.
Да потсетиме дека 28-годишната манекенка ја има тригодишната ќерка Каи од претходната врска со пејачот Зејн Малик, додека Купер ја има шестгодишната Леа де Сејн со поранешната партнерка Ирина Шајк.