Тие се толку популарни во последните години што многу познати луѓе сакаат да ги носат. На пример, Ема Томпсон не се срами да ги покаже своите прекрасни рамки, а Мерил Стрип носи очила на црвениот тепих!
Меѓутоа, кога секојдневно носите очила, некои работи, како што е изборот на фризура, мора да ги координирате со нив.
Подолго пикси
Ако сте љубители на кратка коса, но сепак сакате некои подолги прамени, пикси варијацијата е совршена за вас. Најмногу им одговара на жените со овална форма на лице, а совршено изгледа со очила.
Див боб
Прекрасна, малку подолга верзија на бобот е идеална за дами чија коса полека почнала да белее, но не сакаат да ја бојадисуваат, ниту да се откажат од должината. Оваа младешка фризура ги одзема годините и одлично оди со очилата, а многу лесно се стилизира.
Бујни кадрици
Кога вашата коса е природно бујна и густа, а сакате и обемни локни, може да се случи фризурата визуелно да ви го проголта лицето. Затоа очилата се совршен детал кој ќе доведе се во рамнотежа!