Ако размислувате да го збогатите домот со растение, заборавете на овие две, тие привлекуваат беда и несреќа…
Најчесто кактусите се издвојуваат како негативни и со нив треба да се внимава бидејќи носат негативна енергија, но малкумина знаат дека следна на листата е монстерата, а потоа дифенбахија.
Овие собни растенија се сметаат за моќни енергетски вампири. Експертите за фенг шуи веруваат дека овие растенија ја исцрпуваат менталната сила на нивните сопственици и внесуваат раздор во односите. Нивното негативно влијание е особено силно во малите станови, па затоа е подобро овие големи зелени растенија да се чуваат во јавните установи и големите деловни компании каде што секојдневно има голем сообраќај на луѓе.
Голема монстера која се шири и расте е симбол на напредок и просперитет во деловните простории, но во станот, особено ако е мал, го „затрупува“ просторот и го попречува слободниот проток на позитивна енергија. Затоа го нарекуваат и растение – енергетски вампир.
Дифенбахија е отровно растение кое не треба да го чувате достапно во домот доколку имате мали деца или домашни миленици.