Вишокот киселина во желудникот предизвикува хипергастринемија, која се јавува кога нивото на хормонот гастрин, кој го помага процесот на варење, е повисоко од нормалното. Гастринот се произведува од клетките во долниот дел од слузницата на желудникот во близина на тенкото црево и овој хормон го стимулира желудникот да ослободува стомачна киселина која му помага на телото да ја вари храната и да ги апсорбира хранливите материи, како што се амино киселините и протеините.
Вишокот киселина во желудникот може да се регулира со храна
Вишокот киселина во желудникот е поврзан со различни причини, од кои една од најчестите е гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ) или рефлукс на киселина. Оваа болест предизвикува стомачната киселина повремено да се враќа во хранопроводникот, што може да предизвика печење или непријатност. Доколку често се соочувате со проблемот со вишокот киселина во желудникот, лекарите препорачуваат диета за ублажување на симптомите на горушица и непријатност, односно храна која ќе го намали производството на стомачна киселина и ќе го одржи здрав дигестивниот систем.
Храната може да игра клучна улога во регулацијата на желудочната киселина, може природно да го намали нејзиното ниво, да ја ублажи непријатноста поради гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ) и слични состојби.
План за исхрана за зголемена желудочна киселина
Превенцијата е најдобриот начин за борба против вишокот на киселина во желудникот. Лекот за желудочна киселина се крие во храната што веројатно повеќето луѓе ја имаат во својата кујна. Исто така, природните лекови за ублажување на вишокот на стомачна киселина може да обезбедат ослободување од непријатните симптоми на гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ) и слични состојби.
Луѓето со вишок желудочна киселина не смеат да јадат кисела, зачинета, масна и многу солена храна, говедско и свинско месо, сушени производи од месо и конзервирано месо. Не се препорачуваат и варена кисела зелка, кисело овошје, сите видови сирови салати, леќа, грав, пржени компири, свеж леб, свежи пецива, густи тестенини, кисели овошни сокови, зачини, црно кафе, сладолед, тутун и алкохол по совет на лекар треба да се забранат.
Појадок: меко варено јајце, шолја млеко, парче бајат леб со путер, сладок мармалад, свежо домашно младо сирење.
Ужина во 10 часот: бело кафе со растително млеко, парче бајат леб со путер
Ручек: супа од зеленчук или компир, бело месо/живина, телешко, јагнешко или риба. Како прилог, пире од компири, ориз, малку зеленчук на пареа,карфиол, тиква…
Попладневна ужина: пудинг, штрудла, печена тиква, печена пченка
Вечера: свежо сирење, парче сув бел леб и чаша млеко.
Пијте: вода или чај.
Природен лек за прекумерна стомачна киселина
Постојат многу природни лекови кои се користат за прекумерна киселина во желудникот, а ова се некои од нив:
-Чај од ѓумбир. Исчистете го и исечкајте го коренот од ѓумбир (на пример со големина на палец). Се вари во вода, па се остава да отстои 15 минути. Чајот пијте го додека е уште топол, бидејќи тогаш е најизразено неговото антивоспалително дејство.
-Лимон -Се што ви треба е да исцедите еден лимон и да го испиете, а ако сокот ви е прејак, додадете малку вода за да се разреди. Испијте го сок од два лимони во еден ден и ќе ви биде доволно да ги ублажите киселините.
Бадеми – На листата на најдобри природни лекови за вишокот на стомачна киселина се бадемите. Штом почувствувате дека стомакот ви „гори“, изедете десетина сирови бадеми. Не треба да се користат печени, солени или поинаку третирани бадеми, туку само сурови. Доколку не сте љубител на бадеми, ќе ви помогнат и сировите лешници.