Како оваа холивудска дива изгледа 20 години помлада? Тајните на Зои Салдана

popara29 јануари, 20241min00
Зои Салдана

Четириесет и петгодишната актерка „се колне“ исклучиво во природни производи.Актерката која остана запаметена по улогите во познатите филмови „Аватар“ и „Чувари на галаксијата“ важи за една од најнегуваните жени во Холивуд, а оваа титула не ја должи на естетски операции и процедури.

Имено, Доминиканската Република долго време била дом на убавата Зои Салдана, а природната убавина на оваа земја ја научила како да се грижи за својата кожа.

– Горда сум што можам сама да се грижам за својата кожа – изјавила Зои, а пренесува „Women’s Health“.

Природното е најдобро
– Ако живеете на остров, имате пристап до кокос и обидете се да го искористите максимално; пиете кокосова вода, исцедете ја и направете кокосово млеко, па ставете го тоа млеко на косата и кожата. А можете да направите и кокосово масло или путер. Пораснав научена да ја користам околината во полн потенцијал – изјавила актерката.

Што се однесува до козметиката, Зои користи само мицеларна вода за чистење на лицето два пати на ден, како и хидратантна крема и балсам за усни.

– Сакам да се фокусирам на производите од маслиново масло или шеа путер.

Актерката оваа година наполни 46 години, а дали изгледа многу помладо отколку што ни кажува нејзиниот извод од матична книга проценете сами.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma