Најследената женска личност на Инстаграм, Селена Гомез, објави серија фотографии на кои позира насмеана без шминка и филтри и го предизвика воодушевувањето на своите фанови.
Природното издание на 31-годишната пејачка и актерка собра над 6,5 милиони лајкови.
„Убава“. „Слатка“, „Најубавото лице досега“, „Природна убавина“, беа само дел од комплиментите под објавата.
Инаку, Селена неодамна сподели фотографии на кои е во костим за капење, споредувајќи како изгледала порано и како изгледа сега.
„Не сум совршена, но горда сум што сум тоа што сум… Понекогаш заборавам дека е во ред да бидам јас“, напиша таа.
View this post on Instagram
Во октомври, таа откри дека трпела повеќекратни критики и исмејувања за нејзиното тело и изглед, откако ѝ бил дијагностициран лупус, поради што се здебелила неколку килограми.
Таа, пак, не дозволува тоа да влијае врз неа и во јавноста се залага за природен изглед и често зборува за проблемите на наметнатите општествени стандарди на убавина.