Англискиот актер Ед Вествик не можеше да избере повпечатлива глетка на местото каде што ја запроси својата девојка Ејми Џексон. 36-годишната ѕвезда од серијата „Gossip Girl“ го постави прашањето на сите прашања на висечкиот мост во Гштад, Швајцарија, од каде се отвора погледот на завеаните Алпи. Интересно е што секогаш љубопитните туристи овојпат ја оставија двојката на мира, па свршувачката ја потврдија со бакнеж, откако тој клекна пред неа, а таа рече „да“. Случајни минувачи се собраа на почетокот на висечкиот мост: некој од групата шепна дека на мостот пред нив се случува запросување, па тие молчеа, чекајќи ја реакцијата на Ејми.
View this post on Instagram
Актерот познат по улогата на плејбојот Чак Бас во серијата „Gossip Girl“ и 31-годишната англиска манекенка чија филмска кариера е врзана за Боливуд, заедно се од 2021 година, кога се запознаа на тркачката патека во Формула 1, Силверстоун, пишува Daily Mail. Таа има син Андреас од поранешната врска со англискиот хотелиер Џорџ Панајоту.
Актерот од култната серија разговара за магазинот Hello! во октомври 2023 година рече дека е подготвен за брак и деца. „Пораснав во прекрасно семејство, го идолизирам односот на моите родители“, рече тој и додаде дека се надева дека неговиот брак, кога е во прашање, ќе биде како нивниот. Запросување во живописен швајцарски ски-центар покажа колку љубовниот Ед Вествик преминал од зборови на дела.