Фудбалскиот ас Кристијано Роналдо и неговата вереница Георгина Родригез имаат голема причина за славење овие денови. Имено, аргентинската манекенка наполни 30 години, а големиот ден го одбележа со семејна вечера на Малдивите каде отпатува со своите деца. Сексапилната Георгина ги почести и своите фанови со неколку жешки фотографии, а овој пат во виртуелна форма пристигна и честитката од нејзиниот познат вереник.
Сексапилната манекенка Џорџина Родригез го прослави својот 30-ти роденден, но нејзиниот вереник Кристијано Роналдо поради деловни обврски мораше да ја прескокне прославата на Малдиви.
Згодната избраничка на славниот Португалец го одбележа почетокот на 4-тата деценија од животот со сет провокативни фотографии, семејна вечера, а откри и како нејзиниот деветгодишен партнер и честитал преку видео повик.
View this post on Instagram
По повод својот 30-ти роденден, згодната манекенка отпатува на Малдивите со своите деца и пријателите, но поради деловни обврски во клубот Ал Наср, 38-годишниот фудбалер мораше да остане во Ријад.
Сепак, како што откри во фотоалбумот што го сподели на Инстаграм, славниот фудбалер и честиташе преку видео повик, а на нејзината адреса и испрати букет од стотици црвени рози.
View this post on Instagram
Да потсетиме, Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез се заљубиле по судбоносната средба во продавницата на Gucci во Мадрид, каде таа тогаш работела, а тој бил лојален муштерија. Двојката ја потврди врската во 2016 година, а во ноември следната година добија девојче Алана Мартина.
Пет месеци претходно, Кристијано стана татко на близнаците Ева Марија и Матео преку сурогат мајка. Најстариот син Кристијано Џуниор тој е роден од сурогат мајка во 2010 година, а Џорџина ги прифатила сите негови деца како свои.
View this post on Instagram
Во октомври 2021 година, парот ја објави среќната вест дека очекуваат близнаци – девојче и момче. За жал, не заврши се како што планираа.
Во заедничкото соопштение, парот го објави раѓањето на нивната ќерка во средината на април 2022 година, но и тажната вест дека го загубиле синот: „Со најдлабока тага ја објавуваме смртта на нашето бебе. Тоа е најголемата болка што еден родител може да ја почувствува. Само раѓањето на нашето девојче ни дава сила да го живееме овој момент со малку надеж и среќа. Нашето мало момче, сега си ангел. Секогаш ќе те сакаме’.