НА АЛЕК БОЛДВИН МУ Е ЗАКАЖАНО НОВО СУДЕЊЕ Еве колку затворска казна му се заканува на актерот за убиство од небрежност

popara1 февруари, 20241min00

Актерот Алек Болдвин (65) повторно се соочува со обвиненија за убиство од небрежност, откако случајно ја застрела снимателката Халин Хачинс на филмски сет на „Р’ѓа“ (Rust). Судењето е закажано за 1 февруари, пишува „Дејли мејл“.

 

 

 

 

Ова ќе биде прво појавување на актерот пред окружниот суд во Ново Мексико. Сепак, Болдвин ќе се појави на судењето виртуелно. Доколку биде прогласен за виновен, може да се соочи со затворска казна до 18 месеци.

 

Александер Рае Болдвин, како што беше именуван во случајот, беше обвинет за убиство од небрежност, откако поротата гласаше за негово обвинение на 19 јануари.

 

Тој претходно беше обвинет за смртта на снимателката Халин Хачинс, но обвиненијата беа отфрлени минатиот април, само две недели пред почетокот на судењето. Локалните обвинители изјавија дека сепак дошле до дополнителни докази кои бараат ново судење.

 

Адвокатот на родителите и сестрата на Халин се огласи по новото обвинение.

 

„Нашите клиенти отсекогаш ја бараа вистината за она што се случи на денот кога Халина Хачинс беше трагично убиена“, рече таа.

 

Но, Болдвин тврди дека ги следел законите за безбедност на оружјето и рекол дека тоа е вина на одоговорниот за оружјето или некој од екипата.

 

Да потсетиме, Болдвин во 2021 година ја застрела Халина на сетот на филмот „Р’ѓа“, по што снимателката почина. Во инцидентот е повреден и режисерот Џоел Соуза.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag