Серијата фотографии кои таа ги објави предизвика воодушевување кај нејзините фанови.
Пејачката Селена Гомез, која е најследената женска личност на Инстаграм со дури 429 милиони следбеници, неодамна промовираше природен изглед, а во тој стил објави фотографии на кои позира без шминка (или со минимална шминка) и без употреба на филтри.
Во сосема природно издание, оваа 31-годишна пејачка и актерка го предизвика воодушевувањето на фановите и собра досега речиси седум милиони лајкови.
Таа ги објави фотографиите откако неодамна изјави дека се помирила со фактот дека никогаш нема да изгледа како порано. Потоа сподели фотографии во костим за капење и покажа како изгледала порано, а како сега.
View this post on Instagram
Иако поради телото и вишокот килограми често наидува на критики и потсмев, Селена не дозволува тоа да и пречи, со порака дека секој треба да се прифати и сака себеси таков каков што е, со сите свои маани и доблести. Само така може да се чувствува добро во своја кожа.
„Убава“, „Слаткa“, „Најубаво лице досега“, „Природна убавица“, се дел од коментарите на нејзината објава.
View this post on Instagram