Откриена причината зошто децата на Кејт Мидлтон НЕ ЈА ПОСЕТИЛЕ ВО БОЛНИЦА

popara1 февруари, 20241min00
BRITAIN-ROYALS-QUEEN-JUBILEE

Дека Кејт Мидлтон ни малку не се шегуваше кога рече дека сака на своите деца да им обезбеди што е можно понормално детство, се покажа и кога се соочи со здравствени проблеми, со кои не сакаше непотребно да ги загрижува Џорџ, Шарлот и Луис.

Овој понеделник, 42-годишната Кејт Мидлтон била отпуштена од приватна болница во Лондон, откако таму поминала речиси две недели закрепнувајќи се од наводно планираната операција на абдоменот.

И покрај тоа што поминала толку денови во болница, во истата болница ја посетиле само нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, како и нејзиниот свекор, кралот Чарлс III. Нивните деца, принцовите Џорџ и Луис и принцезата Шарлот ги немаше наоколу, а сега е откриено зошто е тоа така.

Добро упатен извор открил за Entertainment Tonight дека Џорџ (10), Шарлот (8) и Луис (5) не ја посетиле својата мајка во болница од едноставна причина што нивните родители Кејт Мидлтон и принцот Вилијам не сакале да им биде прекината дневната рутина.

Принцот и принцезата од Велс одлучија дека најдобрата заштита за нивните деца е да ги спречат да се грижат непотребно.

Иако физички не биле во болница, трите деца сепак имале секојдневен контакт со мајка им преку видео повици, а сега го имаат целото време на светот додека Кејт закрепнува во Аделаида Котиџ.

Закрепнувањето сигурно ќе помине побезболно и побргу благодарение на тоа што со неа се децата, како и принцот Вилијам кој на одредено време ги одложи сите кралски обврски, за да може да се грижи за својата сакана сопруга.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag