Секси и насмеана! Кајли Миног во ултра мини фустан го привлече целото внимание (ФОТО)

popara1 февруари, 20241min00
Кајли Миног

Пејачката Кајли Миног неодамна се појави на една вечерна забава во Лос Анџелес во многу атрактивен фустан и ги привлече сите погледи.
Секоја година, во пресрет на престижните награди Греми, т.н „BMG“ забава на која познатите ѕвезди од различни сфери на уметноста имаат можност да ги покажат своите најдобри изданија.

Оваа година на забавата присуствуваше и австралиската пејачка Кајли Миног, која со својот моден избор остави многумина без зборови.

Познатата џебна Венера, иако е во средината на шестата деценија, е многу жешка и фит. Таа за оваа пригода избра фустан со потпис на модниот бренд „Self-portrait“.

 

Црниот фустан имаше циркони и длабоко деколте на страна и интересен додаток на деколтето – пердуви во тиркизна зелена боја.

Мини должината на фустанот ги истакна витките нозе и хармонична фигура,во комбинација со женствени сандали со потпетици.

Долгата руса коса Кајли ја обликуваше во големи бранови. Таа имаше дискретен накит и шминка. Беше одлично расположена и  не ја симна насмевката од лицето.

 

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma