Доктор предупредува: Ако сакате да имате добар слух на стари години, не ги правете овие две работи

popara2 февруари, 20241min00
75685_zena-shutterstock-2031282893_f

Слухот на многу луѓе станува се послаб и послаб со возраста, а заштитата на слухот е многу важна во текот на животот за да се одржи добра во третото доба. Затоа аудиолозите предупредуваат дека една работа никогаш не треба да се прави.

„Секогаш треба да се избегнува изложеност на гласна бучава без заштита. Бучавата нè загрозува повеќе отколку што мислиме“, вели аудиологот Џо Ремни и истакнува дека на слухот не влијаат само концертите, огнометите и гласните машини, туку и гласните забави. „Колку е погласна бучавата, толку е поголема шансата за оштетување на ушните клетки, а колку подолго е изложувањето на бучава, толку е поголем ризикот од трајно губење на слухот“, објасни тој.

Друга лоша работа што можеме да ја направиме за нашиот слух е да ставаме стапчиња во нашите уши. „Со нив, ние всушност го туркаме церуменот подлабоко во ушниот канал. Ова може да предизвика акумулација на церумен, што понекогаш може да биде болно да се отстрани. Исто така, стапчињата може да го пробијат тапанчето ако го туркаме премногу длабоко, што може да доведе до долготрајни проблеми со слухот“, предупредува аудиологот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag