Џулија Робертс објави ретка интимна фотографија со сопругот и трогна многумина со емотивна посвета, а приликата е навистина посебна

popara2 февруари, 202415min00
Џулија Робертс

Холивудската миленичка Џулија Робертс ретко открива детали од својот приватен живот во јавноста, но овој пат направи исклучок – и тоа со посебна пригода. Имено, нејзиниот сопруг, камерманот Даниел Модер, наполни 55 години, а во оваа прилика холивудската миленичка му упати јавна честитка преку социјалните мрежи. Покрај една ретка и интимна фотографија, ѕвездата од филмот „Pretty Woman“ допре многу срца со емотивни зборови со кои потврди дека е исто толку заљубена во својот избраник како и првиот ден.

Празнична атмосфера владееше во домот на наградуваната актерка Џулија Робертс и нејзиниот сопруг, кинематограферот Даниел Модер.

56-годишната актерка омилена на многумина на социјалните мрежи речиси никогаш не ги покажува членовите на семејството, но и нејзиниот животен избраник, овој пат ги изненади сите со ретка заедничка фотографија со која му посака се најдобро на својот сопруг по повод неговиот 55-ти роденден.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Julia Roberts (@juliaroberts)

Ѕвездата на филмот „Ерин Брокович“ објави фотографија на која со љубов гледа во својот сопруг, додека лежи во неговите раце.

„Среќен роденден на овој неверојатен човек, кој го осветлува нашиот свет“, рече убавата актерка и трогна многу фанови кои се придружија на честитките во коментарите.

Дека нејзиниот сопруг и е навистина голема поддршка, холивудската ѕвезда откри во декември за време на гостувањето во „Today’s Show“, кога и откри на водителката Хода Котб дека Даниел е „нејзиниот водител и нејзината личност“.

 

Иако денес се познати како еден од најдолговечните и најхармонични славни парови, убавата актерка и  камерманот ја започнаа својата љубовна врска на начин кој за многумина беше неприфатлив.

Имено, меѓу нив се појави искра во 2001 година за време на снимањето на филмот „Мексиканецот“ во кој Џулија Робертс игра една од главните улоги со холивудскиот миленик Бред Пит.

Даниел Модер тогаш беше во брак со шминкерката Вера Стајмберг, додека Џулија беше во врска со актерот Бенџамин Брат. Сепак, нивниот љубовен статус не ги спречи да се заљубат еден во друг, а Џулија еднаш призна дека камерманот ја освоил на прв поглед.

 

„Веднаш се заљубив во него. Сакав да бидам со него. Не можев да престанам да мислам на него и знаев дека ќе бидам во неволја“, изјави таа во едно интервју.

Тогаш славните сопружници започнаа афера која им донесе многу проблеми, бидејќи семејството на камерманот ја обвини актерката за уништувањето на неговиот брак.На Џулија не и требаше многу време да го напушти тогашниот партнер, а набрзо Даниел се исели од семејниот дом и ја остави сопругата да биде со новата избраничка.

 

Џулија Робертс и Даниел Модер се венчаа во јули 2002 година во приватна капела на нејзиниот ранч во Ново Мексико. Младенците со сите сили сакале да имаат деца, но на почетокот немале среќа бидејќи актерката никако не можела да остане бремена.

Меѓутоа, во 2004 година, нивната желба конечно се исполни, а близнаците Хејзел и Финеус пристигнаа како круна на нивната љубов. Три години подоцна, семејството стана побогато со уште еден член, сега 17-годишниот син Хенри.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma