На душекот со текот на времето се појавуваат жолти дамки поради таложење на пот, мртви клетки од кожата, како резултат на храна и истурање пијалоци во креветот, инконтиненција, а може да се појават и поради незгоди на децата и домашните миленици. Тие изгледаат грдо и можат да имаат непријатен мирис. Но затоа, можете да ги отстраните само со сода бикарбона и сол.
Измешајте вода, сол и сода бикарбона во сад за да добиете густа паста. Сите жолти и други дамки истријте ги на душекот и оставете да отстои 30 минути. Потоа исчистете ја дамката со влажна чиста крпа и оставете ја да се исуши. Ако не е целосно отстранета, повторете ја постапката.
Друг начин е да се измеша сода бикарбона со детергент за садови во пенеста смеса. Нанесете го на дамките и тријте со влажна крпа.
Оставете го да отстои 15 минути, а потоа истријте го со влажна крпа. Попрскајте ги тие места со три проценти хидроген и истријте ги со влажна крпа. Кога душекот ќе се исуши, ако има преостанати дамки, повторете ја постапката.