Дали сте настинати? Напиток од две состојки ќе ви помогне да ги исчистите синусите и да ви ја олесни кашлицата

popara6 февруари, 20241min00
Напиток од две состојки ќе ви помогне да ги исчистите синусите и да ви ја олесни кашлицата

Ако сте настинати, обидете се да направите напиток од овие две природни состојки и да ја победите настинката за кратко време.

Позитивните ефекти на медот врз здравјето се добро познати, а циметот се смета за еден од најздравите зачини. Кога ќе ги комбинирате, ќе добиете здрав напиток кој ќе ви помогне во сезоната на вируси, пишува City Magazine.

Благодарение на својот хемиски состав, медот влијае на формирањето на црвените и белите крвни зрнца.

Од друга страна, циметот е богат со антиоксиданси и други корисни материи, а истражувањата покажуваат дека може да помогне во контролата на шеќерот во крвта, да штити од срцеви заболувања и да го намали воспалението.

Еве како да подготвите пијалок од мед и цимет:

Во 1 dl млака вода измешајте една лажичка мед и две лажички цимет во прав. Мешајте додека не се раствори медот. Напитокот пијте го два пати на ден, по можност три дена по ред.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag