Меган Фокс ја изненади јавноста кога се појави на забавата по доделувањето на Греми наградите. Таа носеше мрежест металик фустан и сандали со потпетици со вртоглаво висока платформа, а модната комбинација ја искомбинира со бунда. Сепак, ниту овој предизвикувачки фустан не можеше да ги тргне погледите од нејзиното лице. Сите се прашуваат што се случи со Меган Фокс.
Актерката се појави со розова коса и необичен накит на усните. Нови фотографии ги преплавија социјалните мрежи, а корисниците не кријат колку се изненадени од нејзиниот изглед. Меган, која со поранешниот сопруг Брајан Остин има три сина, а сега е во врска со Машин Ган Кели, не е првпат да предизвикува вакви коментари.
Начинот на облекување и љубовните заклетви на популарниот пар често се тема на јавноста. Да потсетиме, најголемиот скандал настана кога се маскираа во свештеник и грешник. Обожавателите ширум светот тврдат дека Меган се уништила себеси поради врската со Машин, но актерката истакнала дека Кели е човекот кој го замислувала од својата четиригодишна возраст.
“Тој е физичкиот тип што буквално го манифестирам од мојата четиригодишна возраст. Исто така, јас сум четири години постара од него. Затоа мислам дека го создадов. Моите мисли и намери го обликуваа во личноста што е. Кој знае како би изгледал или која би била јас да не сум јас“, рекла таа еднаш. Дали ви се допаѓа ова издание на Меган Фокс?