„Избришани“ 80 тетоважи за Греми наградите

popara8 февруари, 20241min00
Парис Џексон

Тетоважите се за цел живот. Освен ако не купите добар коректор, како што демонстрираше 25-годишната манекенка, актерка и пејачка Парис Џексон на доделувањето на наградите Греми во неделата.

Парис Џексон ги прикри сите 80 тетоважи што ги има по целото тело за потребите на црвениот тепих на 66-тото издание на Греми наградите.

За овој процес беа потребни двајца професионални шминкери и два часа да ги покрие со тешка шминка сите цртежи што манекенката и актерката ги има на себе.

Како што можете да видите на видеото кое го објави на Инстаграм, шминкерите со сунѓерче, четка и нанеле боја на нејзината кожа и на крајот ја испрскале со спреј, сето тоа за Џексон да облече фустан кој повеќе открива отколку што покрива за церемонија.

Привременото отстранување на тетоважата стана задолжителен дел од шминката на познатите личности.

Во Јужна Кореја,ѕвездите користат фластери, завои или шминка за да ги сокријат своите тетоважи и на тој начин избегнуваат јавна осуда.

Актерот Џереми Ален Вајт пред секое снимање на серијата на Дизни минуваше низ процес на прекривање на тетоважите со тешка шминка, со која мораше да издржи неколкучасовно снимање.

Нешто слично помина и Хари Стајлс за филмот „Мојот полицаец“ од 2022 година. Неговата кожа била обоена до непрепознавање со помош на компресор и за тоа време морал да носи гас-маска.

Како што изјави за медиумите, кога ќе се погледнел во огледало на крајот од двочасовното пребојување и ќе види кожа без тетоважи,си помислувал: „Какво досадно тело“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma