Зендаја ги остави сите без зборови со “убиствени” изданија кои нема да се заборават долго време

popara8 февруари, 202411min00
Зендаја

Американската актерка и пејачка Зендаја Колман не престанува да ја воодушевува јавноста со се што прави, но и со начинот на кој се облекува. Ѕвездата на глобално популарната серија „Euphoria“ деновиве има полни раце работа со промоцијата на продолжението на филмот „Dune“, а на проекцијата во холот на хотелот “Four Seasons” во Мексико Сити се појави во една од најсмелите изданија досега. Новата стилска икона го привлече вниманието со смел стајлинг со футуристички детали кои целосно ја открија нејзината витка фигура.

Музичарката и актерка Зендаја Колман кариерата во шоубизот ја започна како девојка во серијата „Shake It Up“, а поради беспрекорното чувство за мода таа е новата миленичка на модниот свет.

Убавата 27-годишна актерка ги воодушеви сите со најновиот стајлинг во кој се појави на премиерата на филмот „Dine and Dune: Part Two“ во Мексико Сити.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by zendayaverse (@zendayaverse)

Талентираната актерка Зендаја Колман е секогаш подготвена за модни откритија кои редовно ја воодушевуваат јавноста, а нејзините смели комбинации и ја донесоа титулата стилска икона, која ја круниса во септември 2021 година.

Американската убавица овој пат се појави во авангардна креација во комбинација на црвена, темно сина и сива боја, која го истакна детаљот на асиметричниот јазол.

Креацијата со потпис на британската дизајнерка Торише Дума се истакна со шлиц детал во пределот на стомакот кој ја истакна нејзината витка линија, како и огромен шлиц кој го откриваше бутот.

 

За да го задржи целиот фокус на креацијата, стилистот на Зендаја, Лу Роуч не претера со додатоците, косата и беше залижана пунџа со нагласена, странична разделба и шминка во земјени тонови.

Веќе следниот ден на официјалната премиера, холивудскиот миленик повторно ја разгоре фантазијата со ефективно издание во сличен тон за кој долго ќе се зборува.

 

Овој пат таа се одлучи за креација на италијанската куќа Bottega Veneta која се состоеше од краток топ со нагласени ракави кои откриваа дел од бистата и торзото, додека долниот дел беше долго здолниште со висок струк со кожа налик на корсет и висок шлиц.

Беспрекорниот изглед на убавата актерка беше комплетиран со сатенски кафени чевли со потпис на познатиот дизајнер Кристијан Лубутин.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag