Дизни откри кога доаѓа новото продолжение за авантурите на принцезата Моана, но и „Frozen 3“

popara9 февруари, 20241min00
o_32190101_1280

По успешниот прв филм „Moana“ кој во кината заработи вртоглави 630 милиони евра, Дизни објави дека новото продолжение на анимираниот филм ќе пристигне во кината на 27 ноември оваа година, а објавен е и краток тизер за филмот. Според официјалниот синопсис, силната принцеза Моана, ќерка на селскиот поглавар Туи и неговата сопруга Сина, мора да отпатува во далечните мориња на Океанија за нова животна авантура со морнарите на покана на нејзините предци.

Американската актерка Auliʻi Cravalho, која го толкуваше главниот лик во првиот филм, повторно ќе и го позајми гласот на Моана. „Моана има огромно влијание врз јавноста. Нејзината сила и упорност само ја инспирира публиката ширум светот“, изјави 23-годишната актерка, која глуми и во новиот филм „Mean Girls“. Талентираниот Двејн „The Rock“ Џонсон повторно ќе го позајми гласот на пријателката на принцезата на Дизни, симпатичниот Мауи.

Режисер на „Moana 2“ е Дејв Дерик Џуниор, а музиката во анимираниот филм ја потпишуваат Абигејл Барлоу, Емили Бер, Опетаја Фоаи и Марк Манчина. Првиот филм беше објавен во 2016 година, а заплетот го следеше патувањето на Моана во опасна мисија да го спаси својот народ. За време на нејзиното патување, таа го запознала некогаш моќниот полубог Мауи кој и помогнал во нејзината спасувачка мисија. Заедно тие пловат преку океанот во предизвикувачка авантура каде наидуваат на огромни чудовишта, а на патот Моана го открива единственото нешто што отсекогаш го барала – сопствениот идентитет.

Покрај тоа, Дизни конечно објави кога љубителите на анимираните хитови за принцезите Елса и Ана можат да го очекуваат третиот дел, исто како и новите авантури на екипата од филмовите Toy Story. Нивното пристигнување во кината е планирано за 2026 година.

image

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma