Актерот Мајкл Даглас доживеа целосна трансформација додека го снимаше филмот за политичарот Бенџамин Френклин.
Мајкл Даглас со своите фанови сподели неколку фотографии од снимањето на новиот филм.
Заснован на вистинската приказна за американскиот политичар Бенџамин Франклин, филмот бараше целосна трансформација од главните актери. Така Мајкл Даглас го промени својот личен опис за потребите на оваа улога.
На една од фотографиите од филмот, Даглас е во костим со перика и капа и капут со потпис на Франклин.
View this post on Instagram
На друга фотографија од филмот, актерот е во свечен костум опкружен со актери и статисти.
Фотографиите на актерот ги воодушевија обожавателите и семејството, вклучувајќи ја и неговата 54-годишна сопруга Кетрин Зета-Џонс, која го изрази своето мислење со коментар од срце: „Едвај чекам да излезе филмот!“
Двојката е во брак од 2000 година, имаат син Дилан и ќерка Керис. Тие се запознале на филмски фестивал во Девил 1998 година, а ги запознал актерот Дени Де Вито. Кетрин веднаш го шармираше Мајкл, но на неа не и се допаднал бидејќи по половина час разговор тој и рекол дека ќе биде татко на нејзините деца. Во тоа време, актерот штотуку се разведуваше од Диандра Лукер, со која беше во брак од 1977 година.