На балетанките не престанува да им расте популарноста: Еве како ги носат славните трендсетерки

popara10 февруари, 20245min00
2205018

Иако се уште сме доволно далеку од топлите месеци, со сигурност може да се каже дека и оваа година ќе биде одбележана од балеринките. Некогаш омразените обувки убедливо доминираат на полиците на продавниците, како и стиловите на познатите трендсетерки.

Без разлика дали имаат мала потпетица, една или две ремчиња по модел на чевли на Мери Џејн или се направени од мрежести материјали, еве како да ги вклопите во комбинации по примерот на познати трендсетерки.

Хејли Бибер

Американската ‘it’ девојка го потврди враќањето на балетанките на улиците на Њујорк, со нивната класична верзија во црна боја која ја истакна комбинацијата од плетен пуловер со V-деколте, микроздолниште и волнен макси капут во црвена боја.

Hailey Bieber

Кендал Џенер

Како и нејзината блиска пријателка Хејли, така и Кендал Џенер одговори на повикот на балеринките. Познатата реалити ѕвезда со својот стајлинг во ладниот Аспен докажа дека класичните балетанки одлично се вклопуваат и со крзнено палто, во духот на популарната естетика на „мафијашка“.

Kendall Jenner

Жан Дамас

Како шик Французинките носат балетанки? Со фармерки и кожено палто како стилска икона и основач на модниот бренд Rouje, Jeanne Damas.

Jeanne Damas

Елса Хоск

Во комбинација со омилен фустан од 90-тите, балетанките го зголемуваат тренди впечатокот. Шведската убавица Елса Хоск тоа го докажа со изборот на еден од најпопуларните модели на балетанки – мрежести убавици со потпис на брендот Alaïa.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by elsa❤️ (@hoskelsa)

Алекса Чунг

Британската стилска икона е голем поддржувач на трендот на балетанки, што го докажа со овој стајлинг, вешто разбивајќи ја целосно црната комбинација со пар впечатливи зелени балетанки.

Alexa Chung

Кејти Холмс

Цветниот дезен е синоним за пролетната сезона, а во новата сезона истакнете го како кралицата на њујоршката street style сцена – во форма на фустан и со балетанки во нежна, пастелна нијанса.

Katie Holmes

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag