
Холивудските убавици привлекоа внимание на престижните награди DGA во Лос Анџелес, а Ева Лонгорија посебно блескаше во златeн фустан со крој што ја истакнува витката фигура.
Блескавата Ева,48-годишната ѕвезда на некогаш мегапопуларната серија „Очајни домаќинки“ го украси црвениот тепих со непобитна елеганција и гламур. Фустанот, кој изгледа како да е сошиен од парчиња, ги откри голите раменици и грбот, а ласкавиот крој беше исечен ниско на страната на градите.

Посебно делотворен беше детаљот во половината со хоризонтално поставени прерамки кои ја истакнуваа фигурата на песочен часовник, а фустанот распослан над колената во низа одвоени делови одава многу шик и софистициран изглед.
Фустанот Ева го избра на модната писта, поточно кај италијанската модна дизајнерка Алберта Ферети, која го претстави овој фустан како дел од ревијата на колекцијата пролет 2024 година.
![]()
Ева стајлингот го комплетираше со минималистички аксесоари, златни сандали со прерамки и платформа и сјајни кружни обетки и два прстени. Многу едноставно, а сепак толку ефективно.
