Храбро издание на Дакота Џонсон: Мрежест фустан кој ја открива нејзината занесна фигура, а сите гледаа во овој детал

popara14 февруари, 20241min00
77130_profimedia-0846212219_f

По повод премиерата на нејзиниот нов филм „Madame Web“, Дакота Џонсон воодушеви со својот изглед и „голиот“, мрежест фустан во кој покажа храброст, но и завидна фигура.

Оваа 34-годишна актерка, која ја игра главната улога во филмот, се појави во мрежест фустан од светкав, сребрен материјал кој потсетува на темата на филмот. Нејзиниот фустан без ракави, исто така, имаше длабоко деколте и го спои со црни сандали со прерамки.

Носеше и сребрен ѓердан со дијамантски привезок кој допираше до нејзината клучна коска. Што се однесува до косата, таа се одлучи за шишките кои се нејзин потпис.

Инаку, „голите“ фустани се еден од најголемите трендови за 2023 година, а Дакота го прифати со цело срце. Имено, заедно со овој атрактивен фустан од премиерата на филмот „Madame Web“, минатиот месец таа беше домаќин на Saturday Night Live во црн долг фустан од тантела со црно боди одоздола.

Што се однесува до филмот, „Madame Web“ раскажува независна приказна за потеклото на една од најенигматичните хероини на издавачката куќа Марвел. Во филмот, Дакота Џонсон ја портретира Касандра Веб, болничар од Менхетен, која се соочува со откритија за нејзиното минато и три жени кои се одговорни за нејзината иднина. Останатите улоги им припаѓаат на Сиднеј Свини, Изабела Мерсед и Ема Робертс.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag