Младата популарна актерка Зендаја на светската премиера на нејзиниот нов филм „Дина: Втор дел“ во Лондон пристигна во ексцентричен, металик комбинезон во футуристички стил, кој совршено одговара на темата на оваа дистописка приказна сместена во далечната иднина.
Актерката позираше и со вкочанети, забавени движења специфични како асоцијација на движењата на роботите. Инаку, овој костум-робот е креација од 1995 година, дизајниран од познатиот Тери Мјуглер.
Металниот комбинезон доаѓа во комплет со чевли со високи потпетици и метални ракавици и е украсен со проѕирни детали кои ја открија голата кожа на Зендаја. Имено, во пределот на бутовите, стомакот, градите и задникот, овој костум има проѕирни делови кои откриваат многу повеќе од вообичаено.
Зендаја покрај необичната модна комбинација додаде луксузен детаљ – дијамантско ланче со сафир. Таа се одлучи за ниска пунџа и тренд на мокра коса, како и суптилна шминка со кармин во боја на праска.
Со оглед на тоа што оваа креација секако не е удобна или лесна за носење, актерката подоцна се пресоблече во едноставен, елегантен црн фустан со прерамки кој ја истакна нејзината витка фигура.
Оваа дама уште еднаш ја покажа моќта на модата. За време на целата промоција и на првиот дел од филмот „Дина“, нејзиниот тим стилисти многу внимателно ги дизајнираше нејзините изданија така што ја истакнаа темата и мотивите од филмот, а очигледно решија да продолжат со оваа практика при промоцијата на второто продолжение.