Клои Кардашијан стана мета на потсмев откако објави фотошопирана фотографија од нејзината мачка по име Греј Кити.
„Дали е оваа жена нормална? Ова прераснува во болест“, „Прво ги фотошопираше сопствените деца, сега премина на кутрата мачка“, „Ниту домашните миленици веќе не се безбедни“, „Клои не е во контакт со реалноста. Тоа е очигледно“, се дел од коментарите.
Некои фанови застанале во нејзина одбрана и истакнале дека руските сини мачки се толку убави што понекогаш може да изгледаат нереално.
Иако и другите членки на семејството Кардашијан секојдневно користат Фотошоп, Клои е позната по тоа што често прави грешки при уредувањето на фотографиите.
Меѓу другото, следбениците неодамна ја исмеаја дека ѝ недостасува дел од подлактницата на фотографијата на која позира со нејзината мајка Крис Џенер.
Клои потоа одговори на бројните негативни коментари кои ги добила на социјалните мрежи.
„Прочитав смешна приказна за тоа како сум ја фотошопирала подлактницата. Зошто би го направила тоа? Го сакам Фотошопот, но мојата подлактница е сосема нормална”, напишала таа.
Освен тоа, фановите често ја критикуваат поради пластичните операции и сметаат дека таа повеќе не личи на себе. Клои исто така негира дека е зависна од „одење под нож“ и тврди дека го оперирала само носот.