Драма на хоризонтот? Дали Џенифер Гарнер ќе глуми во филмот на Бен Афлек за Нетфликс?

popara19 февруари, 20247min00
Џенифер Гарнер и Бен Афлек

Бен Афлек и Џенифер Гарнер можеби повторно ќе станат колеги од ист проект. Тоа нема да биде нивниот прв заеднички филм, но ќе биде прв по разводот и неговото враќање со Џенифер Лопез.

Филмот на Нетфликс „Животни“во кој глумат Бен и Мет Дејмон, а се шпекулира дека Џенифер Гарнер би можела да скокне во улогата како негова сопруга .Актерката Џенифер Гарнер е во преговори да глуми заедно со Мет Дејмон во следниот режисерски проект на нејзиниот поранешен сопруг Бен Афлек, „Животни“. Трилерот на Нетфликс следи политичар и неговата сопруга додека го кршат законот и ги „валкаат рацете“ за да го спасат својот син од киднаперите. Доколку Гарнер и Дејмон се потпишат, снимањето би можело да започне во Лос Анџелес веќе овој март. Џенифер Гарнер и Бен Афлек глумеа во три филма заедно, а ова би била нивна прва соработка по навистина долга серија години. Имено, поранешната холивудска двојка се запознала на снимањето на „Перл Харбор“ во 2001 година, а подоцна снимиле уште два заеднички проекти. Двојката се венча во јуни 2005 година и има три деца, Виолет Ана, Серафина Роуз и Семјуел.

Гарнер и Афлек првпат објавија дека се разделуваат во јуни 2015 година, иако официјално поднесоа барање за развод во 2018 година. По завршувањето на браковите, и двајцата на крајот продолжија со нови партнери: Гарнер, наводно, е во врска со техничкиот извршен директор Џон Милер од 2018 година, но се шпекулира дека врската е низа раскинувања и помирувања, додека Афлек се ожени со својата одамна изгубена љубов Џенифер Лопез во јули 2022 година, 20 години по нивната прва веридба во 2002 година. Лопез има две деца, Макс и Ема, со поранешниот сопруг Марк Ентони.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Backgrid (@backgrid_usa)

По првичните турбуленции по разводот, се чини дека Гарнер и Афлек останаа во пријателски односи и пред се се добри родители на своите деца.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SK POP (@skpopculture)

Значи, јасно е дека има многу взаемна почит меѓу поранешните сопружници, што е добро навестување за можно идно професионално партнерство. Ние би сакале да го видиме тоа. Хм, а дали Џеј Ло би сакала да го види тоа, тоа е уште едно, потешко прашање.Музичката ѕвезда во неколку наврати истакна дека, кога станува збор за Бен, таа е многу љубоморна.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma