Храна за луѓе која можат да ја јадат и кучињата: Не грижете се и дајте им, корисна е за нив

popara23 февруари, 20241min00
3e823d9215e679d520218550757ba3ad2e560a47

Денес на пазарот има специјализирана храна за кучиња. Многу луѓе купуваат готова храна, но има храна со која можете слободно да го нахраните вашето куче.

Месо за повеќе енергија

Кучињата треба да јадат месо заради протеинот што им дава енергија. Месото како пилешко, свинско или говедско содржи многу протеини, не е масно, содржи витамини и амино киселини кои се потребни за да се стимулира метаболизмот на кучето.

Лосос и туна за сјајно крзно и здрав имунолошки систем

Масните риби како лососот и туната се одлични извори на омега-3 масни киселини, кои се одлични за нивното крзно, мозок и имунолошки систем.

Овес за подобро варење

Одличен извор на влакна кои го подобруваат варењето и прават кучето да се чувствува удобно. Овесот се препорачува за постари кучиња.

Магдонос за свеж здив

Додадете неколку лажички сечкан свеж магдонос во храната на вашето куче. Иако го подобрува здивот, тој е и богат извор на калциум и калиум.

Грашок

Калиумот е важен минерал за општото здравје на кучињата, но и на луѓето. Грашокот е богат со фосфор и витамин Б. Едноставно додадете грст грашок во садот на вашето куче.

Моркови

Одлична храна за вашето куче, бидејќи е добар извор на витамини. Морковите се исто така тврди, што ги прави идеална храна за забите на вашето куче.

Јогурт и сирење

Млечните производи се идеален извор на калциум, а освен што се одлични за коските и забите, јогуртот и кефирот имаат и пробиотски својства. Само бидете внимателни и избегнувајте ги оние со овошје и засладувачи.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag