Старински рецепт за супа која го КРЕВА ИМУНИТЕТОТ

popara24 февруари, 20241min00
1708673715-pexels-pixabay-209540-1024x683

Крем супа од тиква е вистинска бомба за имунитетот, а стариот рецепт дефинитивно ќе ве зајакне.

Зајакнувањето на имунитетот на природен начин е секогаш важно, особено во сезоната на разни вируси. Оваа супа нуди многу здрави состојки кои можат да помогнат во тоа.

Овој рецепт содржи вкусна тиква, но и сојузници за имунитет како ѓумбир, куркума и лук, пренесува поздовна.рс.

Состојки:

– Маслиново масло
– 400 грама тиква
– 3 чешниња лук
– Мал кромид
– Лажичка куркума
– Корен од ѓумбир
– Литар супа во коцки
– Бибер

Подготовка:

– Зеленчукот исечкајте го ситно, а на маслиново масло прво пропржете ги кромидот и лукот.

– Додадете ги коцките тиква и пропржете ги и зачинете со куркума и рендан ѓумбир (потребно ви е парче од околу три сантиметри).

– Сипете ја супата и динстајте додека не омекне тиквата, па сомелете ја во блендер додека не добиете густа супа.

– Послужете го со малку кисела павлака.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma