Трик за нараснато тесто: Совет кој може да ви помогне да го чувате и до 6 месеци

popara26 февруари, 20241min00
03067c673491c3f365e13bed19242f48ce53d6b6

Постои многу лесен начин за складирање на нараснатото тесто. Дури и кога ќе се измеси, нема потреба да се остава на топло место и да се чека со часови додека не се удвои во волумен.

Најлонска кесичка премачкајте ја со масло, во неа ставете го замесеното тесто, одозгора премачкајте ја со масло и врзете ја кесичката да нема воздух во неа. Ќесичката за тесто ставете ја во фрижидер на најниската полица, но оставете простор да нарасне.

Кога ќе го замесите тестото навечер, оставете го преку ноќ во фрижидер. Извадете го наутро и оставете го да одмори. Подоцна, обликувајте го во леб, мафини, пица или што и да одберете.

Овој метод е тестиран и многу е лесно да се подготви појадок од тесто наутро, со тесто кое навечер се измесило и било оставено во фрижидер – таканареченото разладено тесто.

За жал, ваквото тесто може да се чува само 3 дена, потоа ја губи својата еластичност и најдобро е да не се прави ништо со него. Тестото може да нарасне и потоа можете да го ставите во замрзнувач во најлон. Извадете го и оставете го да се одмрзне. Ваквото тесто е меко и лесно за работа.

Тестото можете да го чувате и во сад. Покријте го одозгора со проѕирна фолија и оставете го на ладно. За да ви биде полесно, поделете го тестото на 2 или 3 топки, извадете едно и да речеме дека подготвивте пица од него, а остатокот од тестото останува на ладно.

Во замрзнувачот се зголемува издржливоста на тестото и таму можете да го чувате околу 6 месеци.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma