Лепливите црни наслаги на дното на пеглата тешко се отстрануваат, секој што пегла алишта го знае ова. Освен што изгледаат грдо, тие се пречка за пеглање, а можат и да ја уништат облеката. Постои едноставен трик како да го отстраните брзо и без многу мака – таблета парацетамол.
Постапка:
Загрејте ја пеглата и земете ја таблетата со пинцета за да не се изгорите, па со неа истријте ги дамките. Нечистотијата ќе стане течна, а потоа само избришете ја со сува крпа.
Погледнете како тоа се прави во видеото: