„Изгледа како да го носи на прошета пред спиење“: Ал Пачино е мета на прозивки поради 5 децении помлада жена (ФОТО)

popara28 февруари, 20241min00
Ал Пачино

Познатиот актер беше мета на интернет коментари поради неговата партнерка, која е дури 53 години помлада од него.

Ал Пачино важи за еден од најдобрите актери на денешницата, а нема ниту една негова улога што останала незабележана.

Поради долгогодишната актерска кариера, тој одлучи да се повлече од актерството и деновите да ги помине во друштво на својата нова избраничка.

Вистина е дека јавноста не ја прифати баш најдобро оваа врска, додека многу мал број луѓе останаа на страната на Пачино.

Имено, неговата нова партнерка Нур Алфа е 53 години помлада од него.

Актерот бил фатен во нејзино друштво додека излегувале од ресторан, а едвај бил препознатлив поради долгата густа брада, а како што велат очевидци актерот се здебелил.

Кога фотографиите се појавија на интернет, многумина не можеа да се воздржат, па ги оставија своите коментари.

„Повеќе изгледа како да го шета“, „Што е ова луѓе“, „Што ќе прави со него“, беа дел од коментарите.

Тие имаат и заеднички син, кој се роди во јуни 2023 година, па затоа ова беше прв пат да се видат заедно од тогаш.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma