На ревијата на Dior, одржана во рамките на Париската модна недела, 19-годишната ќерка на познатата актерска двојка Винсент Касел и Моника Белучи, Дева Касел, ги привлече сите погледи и беше најзабележливата модна ѕвезда.
Младешката бринета изгледаше неверојатно во едноставнa, но шик комбинација кој вклучуваше црна кошула и хит фармерки кои ќе ги гледаме насекаде во наредните месеци.
Ова се ефективни фармерки со ретро вибрации и исклучително ласкави благодарение на широките ногавици и зашиените џебови.
Младата убавица, која е се побарана во светот на модата и актерството, го надополни изгледот со долг црн капут во класичен стил и сандали на платформа а го комплетираше со коса стилизирана во бујни локни и лесна шминка.