ФРАНЦУСКА САЛАТА: Неповторлив вкус кој го обожаваме, а се прави толку лесно

popara3 март, 20241min00

Потребно е:

400 гр замрзнат грашок
400 гр моркови
400 гр варени компири
200 гр кисели краставички
400 гр мајонез
100 гр кисела павлака
2 супени лажици сок од лимон
1 лажица сенф
сол
бибер

Подготовка:

Компирите сварете ги со кора и оставете ги да се изладат. Излупете и исечете ги на мали коцки. Измијте го и излупете го морковот и исечете го на коцки. Се вари 10 минути во зовриена вода, па се додава замрзнатиот грашок. Гответе додека грашокот не омекне. Процедете и оставете малку да се излади. Краставиците исечкајте ги на коцки. Нежно измешајте ги компирите, грашокот, морковите и краставиците, а потоа додадете мајонез, сенф и павлака. Зачинете со сол, бибер и додадете сок од лимон. Префрлете ја салатата во пластичен сад, покријте ја и чувајте ја во фрижидер.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma