ЕВЕ КАКО НАЈБРЗО ДА ПРОВЕРИТЕ ДАЛИ ЈАЈЦАТА СЕ СВЕЖИ: Ако изгледаат вака, не ги купувајте

popara4 март, 20241min00

Ако немате баба и дедо во село од кои можете да земете свежи намирници, купувањето во супермаркетот е неизбежно. Дали намирниците кои стојат на рафтовите се секогаш свежи? Еве еден лесен домашен тест со кој можете да утврдите дали купените јајца се свежи…

 

 

 

Потребна ви е длабока стаклена чинија, вода и неколку секунди време.

 

Најпрвин во длабоката стаклена чинија сипете вода. Јајцете нежно ставете го во чинијата со вода и гледајте што се случува.

 

Ако е свежо, јајцето целосно ќе потоне и ќе падне на дното. Малку постаро јајце со едниот дел ќе биде на дното, а со другиот подигнато кон површината, додека јајцата кои се ептен постари ќе пловат на површината од водата.

 

Ваквите јајца не е препорачливо да ги консумирате.

 

Уште еден начин да ја проверите свежината на јајцето е да земете едно во раката и да го држите покрај увото. Лесно протресете го и слушајте го звукот кој излегува од внатрешноста на јајцето.

 

Ако не слушате никаки звуци јајцето е свежо, а ако од него се слуша клокотење, тогаш најверојатно е старо и не би требало да го користите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag