Ријана пееше на свадба! Ја изнајми милијардер за 5 милиони евра, а таа ги погреши имињата на младенците

popara3 март, 20241min00

Познатата ѕвезда Ријана добила повик за да настапи на предсвадбената церемонија на индијскиот пар Анант Амбани и Радике Мерчант. За да се појави и да отпее неколку песни, ѝ платиле дури 5 милиони долари.

 

 

 

На овој настан се собрале моќни луѓе од целиот свет, холивудски ѕвезди, политичари и луѓе од светот на музиката и актерството. Целата свадбена церемонија траела три дена, а Ријана гостувала само една вечер.

 

Според „Дејли мејл“, ова тридневно задоволство чинело околу 120 милиони, со дополнителни трошоци за гостите кои изнесувале околу 20 милиони долари.

Снимките од настанот ги преплавиле социјалните мрежи и додека едни биле воодушевени, други коментирале дека пејачката била видно незаинтересирана.

 

Популарната „Рири“ извела 19 песни, а наводно била платена околу 60.000 евра по минута.

 

За време на настапот Ријана одржала краток говор, кога му се заблагодарила на семејството Амбани и им честитала на младенците, а многумина ја критикувале дека не може правилно да ги изговори нивните имиња.

 

Инаку, таткото на младоженецот е индискиот милијардер Мукеш Амбани, а Форбс неговото богатство го процени на повеќе од 110 милијарди долари. Амбани е најбогат човек во Азија и 11-ти најбогат човек во светот.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma