Девица – Тие лесно стануваат раздразливи и критички се настроени кон другите луѓе, кога работите не се одвиваат според нивниот план.
Која е најлошата страна на секој хороскопски знак? Што е тоа мрачно кое тој го носи во себе?
Мрачната страна на секој хороскопски знак:
Овен
Тие се со вжештена глава и многу љубоморни. Исто така се многу натпреварувачки настроени, но дури на токсичен начин.
Бик
Тие немаат широки хоризонти, судат сè што е поинакво, ги судат изборите на другите луѓе и дури даваат гласни забелешки за тоа.
Близнаци
Тие се премногу исплашени за да се посветат некому и да се обврзат со него. Играат игри за да избегнат емоционална интимност, колку што е можно подолго.
Рак
Нивното срце е многу емотивно и кршливо, а ова може да ги доведе до незамисливи потези.
Лав
Стануваат премногу зависни од партнерот и веднаш се врзуваат емоционално премногу за него, како да е тоа за до крајот на животот.
Девица
Тие лесно стануваат раздразливи и критички се настроени кон другите луѓе, кога работите не се одвиваат според нивниот план.
Вага
Тие стануваат малку „лигави“ и зависни од личноста во која се вљубени и забораваат на оваа личност да ѝ дадат личен простор.
Скорпија
Тие стануваат многу одмаздољубиви и сурови на зборови ако почувствуваат дека се предадени од некој на кој многу му веруваат.
Стрелец
Тие се брутално искрени, но не секој може да ја поднесе нивната сурова и отворена критика.
Јарец
Нивната преголема амбициозност прави да одат по мрачни, осаменички и опасни патишта.
Водолија
Тие стануваат малку егоцентрични и себични на моменти и не толерираат кога некој им кажува што да прават.
Риби
Тие се премногу самокритични и со тоа креираат негативна атмосфера околу нив, толку многу што тоа влијае и на расположението на другите.