Спиење со чорапи или без? Експертите конечно дадоа одговор, после ова добро ќе размислите

popara4 март, 20241min00
22912_carapeeeee_f

Како што пренесува Huffpost, носењето чорапи во кревет има многу придобивки, барем според експертот за спиење Мар Де Карл. Чорапите можат да им помогнат на луѓето да заспијат побрзо и да заспијат подолго поради процесот наречен дистална вазодилатација.

Истражувањето од 2007 година покажа дека промените во температурата на кожата може каузално да влијаат на способноста за започнување и одржување на спиењето. Носењето чорапи во кревет, исто така, докажано ја зголемува циркулацијата и протокот на крв во стапалата. Ова може да помогне да се намали телесната температура, сигнализирајќи му на мозокот дека е време за спиење.

Други студии дополнително го потврдуваат ова. Едно истражување кое опфатило мал број испитаници покажало дека младите мажи кои носеле чорапи заспале 7,5 минути побрзо, спиеле 32 минути подолго и се буделе 7,5 пати поретко од оние кои не носат чорапи.

Концептот на чорапи во кревет се чини дека е поврзан со деноноќниот ритам, или внатрешните часовници кои управуваат со нашите функции врз основа на 24-часовен ден.

„Поладните температури на телото обично ѝ претходат на поспаноста, а доказите сугерираат дека користењето чорапи или други методи за затоплување на стапалата може да ја намали телесната температура и да ви помогне да заспиете побрзо“, велат експертите од фондацијата за спиење.

Според Де Карл, другите придобивки од легнување во чорапи вклучуваат потенцијално подобрување на испуканите пети, спречување на топли бранови и верувале или не, дури и зголемување на потенцијалот за оргазам. Но, експерт вели дека иако носењето чорапи може да ви помогне да спиете подобро, исто така е важно да разберете зошто вашите стапала се ладни.

– Студените стапала може да бидат резултат на повеќе причини како што се анемија, дијабетес и хипотироидизам. Ако главната причина за вашиот проблем со спиењето е подлабоко вкоренет проблем кој не е откриен и решен, на пример, ако имате проблеми со анксиозност и прекумерна стимулација, носењето чорапи во кревет нема да ви биде решение – објасни тој.

Придобивките од легнување без чорапи не се толку добро дефинирани. Студиите генерално тврдат дека спиењето без чорапи може да биде подобро за вас ако немате проблем со телесната температура. Освен тоа, легнувањето без чорапи помага да се избегнат лошата хигиена, инфекции на кожата и непријатни мириси кои можат да се поврзат со нечисти чорапи, па дури и со габи, како што тврди експертот. Тој исто така додава дека спиењето со чорапи може да доведе до прегревање, а ако телото е премногу топло за време на спиењето, се активираат сигнали како да е време за будење. Почнува да работи меморијата, телото станува поактивно и сето тоа го нарушува сонот, па се будиме, се вртиме и тешко заспиваме. Експертите истакнуваат дека на крајот останува на вас сами да одлучите што е подобро за вас.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag