„Во него не остана живот“: Брус Вилис целосно престана да зборува, сопругата ја сподели тажната вест

popara5 март, 20241min00
Брус Вилис

Брус Вилис престанал да зборува поради последиците од тешката болест, а неговата сопруга ги информирала следбениците на социјалните мрежи за здравствената состојба на актерот.
На познатиот холивудски актер Брус Вилис (68) во февруари минатата година му беше дијагностицирана фронтотемпорална деменција. Една година пред тоа беше откриено дека има афазија – нарушување на говорот. Поради болест се откажа од глумата и целосно се повлече од очите на јавноста.

Брус Вилис поминува време со семејството, кое често објавува за неговото здравје на социјалните мрежи.

Неговата сопруга Ема Хеминг Вилис (45) редовно ги информира многубројните обожаватели за неговата состојба и ја подигнува свеста за деменција.

– Се борам со грижа на совест, бидејќи знам дека имам ресурси кои другите ги немаат. Кога имам можност да одам на прошетка за да си ја расчистам главата, размислувам како им е на сите партнери кои се грижат за некој што е болен. Кога нешто што го споделувам ќе го привлече медиумското внимание, знам дека има илјадници нераскажани приказни, од кои секоја заслужува сочувство и грижа – изјави Ема за блогот “Sunday Paper” на Марија Шрајвер, поранешната сопруга на Арнолд Шварценегер.

Сепак, рече таа, нашла смисла во споделувањето на нивната приказна, за која се надева дека некому ќе му помогне.

– Гледам дека она што го споделувам им е важно на другите кои можеби се мачат, а на мал начин тоа ги прави да се чувствуваат видено и разбрано – изјавила сопругата на Брус Вилис.

Неговиот пријател Глен Гордон Керон претходно откри дека на актерот не му е добро.

– Мислам дека знае којa сум јас само во првите неколку минути од нашиот разговор. Не зборува повеќе, читаше страсно, но сега се откажа и од тоа. Сите тие вештини веќе не му се достапни. Кога си со него, знаеш дека тоа е Брус и си благодарен што е таму, но тој веќе ја нема животната радост – рекол тој.

Извори блиски до семејството изјавија дека Брус целосно престанал да зборува. Брус и неговата сопруга Ема имаат две ќерки, Мејбел (11) и Евелин (9), а од бракот со актерката Деми Мур (61) има три ќерки: Румер (35), Скаут (32) и Талула (30).

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag