Конечно проговори: Били Ајлиш откри зошто раскинала со своето момче, погодете кој е виновен

popara6 март, 20241min00
Screenshot_3

Популарната пејачка Били Ајлиш (22) го откри сонот што го сонувала за актерот Кристијан Бејл (50) во разговор со комичарката и водителка Амелија Димолденберг пред доделувањето на Оскарите. Токму тоа ја мотивирало да раскине со нејзиното момче во тоа време, пишува „Дејли мејл“.

 

 

 

– Морам да бидам искрена. Пред неколку години сонував за Кристијан Бејл во мало кафуле на сонце и тоа ме натера да сфатам дека морам да раскинам со моето момче. Се разбудив и се вразумив – рекла Били, а нејзиниот брат Финес, кој заедно со неа гостувал во емисијата, пукнал од смеење.

 

Иако не откри за кое момче се работи, многумина шпекулираат дека се работи за фронтменот на групата „The Neighborhood“, Џеси Радерфорд. Двојката раскина во мај 2023 година, а пред тоа пејачката беше во врска со актерот Метју Тајлер Ворс.

 

Патем, Били и нејзиниот брат Финес беа номинирани за Оскар оваа година за песната „What Was I Made For?“ која е напишана за филмот „Барби“.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag