
Хајди Клум (50) на социјалните мрежи сподели неколку фотографии и видеа на кои позира во бело бикини со големи крилја на грбот.
Познатата манекенка позираше за германското издание на магазинот „Glamour“ и покажа неверојатна линија која ја одржува со строга диета.
– Леле, уште ми стојат крилјата – напишала Клум која во минатото носела ревии за „Викторија сикрет“.
Таа неодамна го привлече вниманието на забавата пред Греми, каде што блесна во храбар фустан „LaQuan Smith“ и покажа дека и во петтата деценија изгледа одлично, пишува Индекс.

