Околу 46 милиони луѓе ширум светот страдаат од биполарно нарушување.
Биполарноста има влијание врз енергијата на луѓето, нивното расположение, социјалните активности, па дури и способноста за извршување на наједноставните задачи.
За жал, многу од симптомите на ова нарушување често се игнорирани, па луѓето не го добиваат потребниот третман.
Во продолжение погледнете 7 симптоми на биполарност на кои ретко им се обрнува внимание:
Проблеми со спиење
Кога имате биполарно нарушување, се менува распоредот на спиење. Ова, пак, може да резултира со несоница која трае со недели и која ќе има лошо влијание врз вашиот живот.
Истовремено, може да се намали и потребата за спиење, па да не се чувствувате уморно целиот ден.
Понекогаш, кај луѓето со биполарност се појавува и апнеја, што дополнително го намалува квалитетот на сонот.
Намалена концентрација
На луѓето со биполарно нарушување лесно им се одвлекува вниманието, без разлика каде се и што прават. Причината за ова е нивното променливо расположение.
Кога се обидуваат да се фокусираат на едно нешто и помислат на друго, почнуваат да го работат тоа. Ова го отежнува завршувањето на обврските и задачите.
Преголема самодоверба
Кај луѓето со биполарно нарушување може да се појави преголема самодоверба. Тие се чувствуваат супериорно и неранливо.
Самодовербата ги тера да мислат дека се поважни, помоќни и попаметни од другите
Брзо зборување
Неретко, биполарните луѓе сакаат да зборуваат многу и зборуваат брзо. Причината е што во моментот им доаѓаат илјадници мисли, па никако не можат да го стивнат нивниот ум.
Ова го отежнува секојдневниот живот и контролирањето на емоциите.
Често зборување
Бидејќи имаат многу мисли, биполарните луѓе имаат потреба да зборуваат многу. Често ја менуваат темата на разговор и можат да зборуваат многу долго.
Понекогаш можат да зборуваат погласно од другите и да не им дозволат да кажат ништо.
Одлично расположение
Луѓето со биполарно нарушување можат да имаат епизоди на многу добро расположение. Оваа појава е позната и како манија.
За време на овие манични епизоди тие се чувствуваат среќно и возбудено. Но, најчесто ова го следи депресивна епизода.
Екстремна раздразливост
Биполарните луѓе често се чувствуваат раздразливо, без некоја причина. Дури и најмалите ситници можат да ги разгневат.
Овие симптоми можат да се појават заедно или одделно. Доколку забележите некои од нив, добро би било да разговарате со професионалец.