Во новото интервју за Bustle, актерката (34) зборуваше за тоа како е да се биде маќеа на децата на Крис – синот Мозес (17) и ќерката Епл (19).
– Ги сакам тие деца како од тоа да ми зависи животот. Со целото мое срце – изјавила актерката.
Џонсон и Палтроу неколку пати докажаа дека се добри пријатели.
– Ние сме всушност многу добри пријатели. Ја сакам многу. Таа е прекрасна, прекрасна личност – изјавила Палтроу за новиот избраник на нејзиниот поранешен сопруг.