Се огласи принцот Вилијам

popara7 март, 20241min00
Screenshot_1

Ненадејното повлекување на Кејт Мидлтон од јавноста вознемири многумина. Принцезата од Велс имаше операција на абдоменот на крајот на јануари и оттогаш на интернет кружат различни теории на заговор за нејзината здравствена состојба, тврдејќи дури дека таа умрела.

 

 

 

 

Таа неодамна за првпат беше фотографирана во јавност по операцијата. А, сега портпаролот на принцот Вилијам реши да проговори и да го прекине молкот за целата хистерија на социјалните мрежи.

 

„Принцот Вилијам е фокусиран на својата работа, а не на социјалните мрежи“, кратко изјавил портпаролот во име на принцот Вилијам за „Пипл“.

 

Инаку, принцезата беше уловена од фотографи во близина на замокот Виндзор. Таабеше на совозачкото седиште, додека нејзината мајка Керол го возеше автомобилот. Принцезата носеше очила за сонце, а фотографиите беа „матни“, па многумина на социјалните мрежи коментираа дека тоа воопшто не е таа, туку нејзина двојничка.

 

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma