Потребно е
1 кг компири
100 гр путер
4 варени јајца
250 гр колбас
1 главица кромид
200 мл кисела павлака
100 гр рендан пармезан
половина лажица брашно
3 лажици презла
сол
бибер
магдонос 1 китка
Подготовка
Загрејте ја рерната на 180 степени. Излупете ги компирите и исечете ги на прстени. Половина од компирите наредете ги во плех обложен со хартија за печење, наредете прстени со јајца, колбас мелен во блендер, сечкан магдонос и пржени кромид одозгора. Покријте со преостанатите компири. Во сад измешајте павлака, брашно, сол и бибер и прелијте го со пирето. Потоа посипете со презла, пармезан и путер. Печете околу 15 минути во рерна загреана на 180 степени. Пријатно!